Балкански „Мини-Шенген“: Договорени десет мерки меѓу Македонија, Албанија и Србија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија Еди Рама, на трилатерална средба во Охрид одржана на 09.11.2019 година на која разговараа и ја утврдија декларацијата со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка.

Листа на приоритети и мерки:

1. Патување на државјани на Македонија, Албанија, Србија, на територијата на трите земји со лична карта, по се изгледа од крајот на годината.

2. Малиот Шенген отвора можност странците да патуваат во земјите на иницијативата без дополнителни визи. Ова ќе го зголеми бројот на странски туристи и ќе овозможи воспоставување на заеднички туристички понуди и дестинации.

3. Заеднички дозволи за работа и признавање на квалификации и дипломи, без дополнителни постапки, што ќе обезбеди можност за движење на работната сила, а тоа ќе ја зголеми достапноста на работната сила и со тоа привлечноста на целиот регион за странските инвеститори.

4. Студентска размена.

5. Заеднички проекти за истражување и развој.

6. Воведување 24-часовно работно време за сите гранични инспекциски служби, со фокус на фитосанитарна и ветеринарна инспекција, со што ќе се скрати времето на чекање за товарните стоки и слободното движење на стоки ќе има повеќе ефекти и ќе ја зголеми конкурентноста на целиот регион со околу 12 милиони жители.

7. Унифициран „пакет“ на документација потребен за транзит на стока, со акцент на воведување на систем со што е малку „хартија“ кој би бил конзистентен со стратегијата за дигитален развој.

8. Измени на законите од областа на пазарот на капитал, даночниот и финансискиот систем во сите три земји, со цел да се создадат услови за непречен проток на капитал.

9. Натамошно зајакнување на прекуграничната соработка во областа на борбата против транснационалниот криминал и тероризмот, преку соработка во областа на миграцијата и помош во вонредни ситуации.

10. Дефинирање на сопствени правила во многу области, со цел да се подобри привлечноста на трите земји и соработката, и на тој начин оваа иницијатива може да стане најважната политичка иницијатива во 21 век.