Баша: Обвинувањата за перење пари од дрога потврдени од Стејт департментот

Лидерот на опозициската Демократска Партија, Љуљзим Баша, изјави дека обвинувањата на опозицијата кон владата за перење пари од дрогата, ги потврдил и американскиот Стејт департмент. „Ова е прв пат каде Албанија е вклучени во листата на земјите за перење пари, составена од страна на американската влада“, рече Баша. Во август еден друг меѓународен извештај ја рангираше Албанија како една од трите главни земји каде што се перат пари во Европа. Постојат стотици милиони евра акумулирани од трговија со дрога. Нема сомневања, кога палати се градат во време на економска криза тоа се пари од трговија со дрога“, рече Баша и за тоа го обвини премиерот Еди Рама.

Advertisement