Баша предлага преодна влада во Албанија пред секои избори

Пред секои избори додека Албанија не стане членка на ЕУ да се формира преодна влада, која ќе гарантира фер и слободни избори, предлага лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша.

Тој вели дека на таков начин ќе се оневозможи притисокот врз гласачите и администрацијата, злоупотребата на јавните фондови и државните средства и улогата на лицата со криминални досиеја и криминалните групи.

„Одвојувањето на политиката од криминалот е од суштинско значење за слободно гласање“, изјави Баша.

Тој оценува дека „трпението на народот е при крај“ и оти земјата мора да оди на предвремени избори, за да има легитимен Парламент и Влада.

Advertisement