Бендо: Русија го шири влијанието кон Албанија

Директорот на Разузнавачката тајна агенција (ШИШ) Хелидон Бендо ја обвини Русија дека се обидува да го прошири своето влијание во Албанија. Во обраќањето пред албанскиот Парламент Бендо не прецизираше дали во тие напори Москва успеала да дојде до повисоките албански политички структури. Податоците од 2018 година покажуваат дека има сè повеќе обиди на Русија да го прошири влијанието во нашата земја, тврди Бендо.