Бериша и одговори на Ким: Никој и ништо не може да ме спречи да ја исполнам својата мисија добиена од електоратот

Поранешниот албански претседател и екс премиер Сали Бериша и одговори на американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким во врска со нејзината денешна изјава дадена по средбата со лидерот на опозициските демократи Љулзим Баша. Таа како што пренесе Ора њуз побарала од него да се дистанцира од Бериша и да не му дозволи влез во парламентот, како новоизбран пратеник.

На Фејсбук тој напиша дека Јури Ким дала навредлива изјава за секој демократ во Албанија и дека ја прекршила нејзината мисија.

Денеска американската амбасадорка Јури Ким, со навредлива изјава за секој демократ и Албанец, споменувајќи ја тревата и со флагрантно кршење на нејзината мисија побара од претседателот на Демократската партија Љуљзим Баша, Сали Бериша да не влезе во следниот парламент, пишува тој.

Додава дека нема да застане во својата мисија како пратеник што му ја довериле албанските гласачи.

Сакам категорично да порачам дека ниту една клевета, лага, инсинуација никогаш не може да го спречи Сали Бериша да ја исполни својата мисија, што му ја довери албанскиот електорат, во одбрана на националниот и јавниот интерес на Албанците. Од 19 мај 2021 година и до денес, по одлуката на секретарот Блинкен, врз основа на корумпираното лобирање и клевета на Еди Рама и Џорџ Сорос, непријатели на албанската демократија, побарав и сеуште барам од секретарот Блинкен да го објави секој факт, документ или доказ, тој или некој друг во земјата за да го докаже она што го напишал во својата одлука. Но, до денес не се објавени докази или факти затоа што тие и не постојат, наведува Бериша во објавата.

Потсетува дека за сето ова, во суд во Париз поднел тужба за клевета против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Седумдесет и седумгодишниот Бериша е еден од 59 пратеници на коалицијата преводена од Демократската партија, чиј почесен претседател е тој, избрани на парламентарните избори одржани на 25 април.

Advertisement