Бериша одржува паралелно партиско собрание на Демократската партија

Екс претседателот и екс премиер на Албанија Сали Бериша денеска на денот на формирањето на Демократската партија на Албанија пред 31 година, на стадионот ,,Аир Албанија ,, одржува паралално Национално собрание на Демократската партија. На собрание на кое учествуваат околу 5ооо делагати , Бериша упати остри критики на адреса на американската амбасадорка во Тирана Јури Ким притоа нагласувајки дека ,, амбасадорката на САД ја игра истата улога како што во времето на Енвер Хоџа ја играше амбасадорот на СССР.

Бериша исто така упати остри критики и на формирањето на ,,Отворен Балкан,, помеѓу Белград – Скопје и Тирана , изнесувајки ја оценката дека станува збвор за хегемоностички активности на Белград, подржан од страна на Русија . Тој додаде дека ,, досегашниот претседател на Демократската партија Лулзим Баша треба да замине, за да потоа се собори и владата на Еди Рама.

Инаку до овој момент работните тела на собирот на Бериша, извршија промени на Статутот на ДП, А а потоа и донесеоа одлука за разрешување на претседателот на ДП, Лулзим Баша. Баша од друга страна на свечерноста во близина на седиштето на партијата по повод 31 годишнината од основањето на Демокарстака партија ја откри спомен плочата со потписите на основачите на партијата пред 31 година. Тој изјави дека нема намера да поднесе оставка бидејки овој собир на Бериша не е легитимен, и додаде дека Националното собрание на ДП ке се одржи на 18 овој месец .

Само тоа е легитимно Собрание на партијата додаде Баша . Инаку високиот американски функционер Ескобар вчера при посетата на Тирана отворено упати повик до албанските политичари да не се придружуваат на политичкарите кои се коруптирани мислејки на Бериша за кој Вашингтон има одлучено тој да биде персона нон грата . Во септември претседателот на ДП Лулзим Баша го исклучи Берипа од парламантарната група на ДСемократската партија , по што следеше собирање на приврзаници од страна ан Сали Бериша.

Инаку во Тирана според дел на албанските медиуми состојбата е тензична бидејки има најави дел од подржувачите на Бериша по Собранието да влезат насилно во седиштето на Демократската партија . Голем е бројот на припадници на полицијата кои се во блзина на седиштето на оваа опозициона партија . Истите извори наведуваат дека Демоклратската партија е пред раскол .

Advertisement