Бериша повикува на народен бунт за соборување на Рама

 

Поранешниот албански преседател и премиер, Сали Бериша, кој е духовен лидер на албанската десница ја повика опозицијата на народен бунт за соборување на владата на премиерот Еди Рама. „Рама има бројни криминални активности, тој дозволува во земјата да влезат голем број на терористи на ИСИС, неговата влада и дава големи површини на Јонското море на Грција, заради што тој треба да биде соборен. Верувам дека сега е време тој да се собори од страна на Албанците и со народен бунт“, истакнува Бериша на својот „Фејсбук“ профил.

Ставот на Бериша е и став на опозицијата и ги зголемува политичките тензии во земјата. Според албанските аналитичари, Бериша и по неговото заминување од претседателската функција во Демократската партија останува највлијателна личност во десницата кој исто така има силно влијание и врз актуелниот претседател на опозициската ДПА, Лулзим Баша. Медиумите исто така оценуваат дека во опозицијата има силна струја која работи на враќање на Бериша на лидерската позиција во Демократската партија.

Повикот на Бериша според аналитичарите во Тирана има за цел да ја зајакне опозицијата која се соочува со несогласувања околу начинот на соборување на владата на Еди Рама, но исто така и преземање на порадикални активности на опозицијата за соборување на владата на левицата во Албанија. Протестите кои беа органзиирани на неколку пати во земјата од страна на опозицијата ја немаат потребната масовност, поради што Бериша сега бара народен бунт, се нагласува во информациите на албанскиот печат