Бездникин: Македонско-руската соработка има огромен потенцијал

По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република  Македонија, рускиот амабасадор Сергеј Бездникин денеска изјави дека потенцијалот на руско-македонската соработка е огромен.

“Гледајќи наназад во неодамнешното минато очигледно е дека има многу работи на кои можеме да се потсетиме и да се гордееме. Голем број планови и проекти веќе се реализирани. Во некои работи можеби сме можеле и повеќе, но никогаш не сме наметнувале ништо, не сме се мешале во внатрешните работи ниту имаме намера да го правиме тоа во иднина,” рече амбасадорот Баздникин.

Тој додаде дека Русија се залага за натамошно унапредување на соработката со Македонија.

“Русија се залага за натамошно унапредување на соработката со Македонија, толку блиска и интензивна колку за тоа е подготвена македонската страна за проширување на истата. Убеден сум дека развојот на билатералните релации ќе одговара на очекувањата на народите на нашите две земји, на интересите на мирот, безбедноста и стабилноста на Балканот, но и во цела Европа,” рече рускиот амбасадор Баздникин.

Advertisement