Бигорски манастир Св.Јован Крстител доби честици од мошти на пет светители, дар од БПЦ 

Македонското древно светилшите “Св.Јован Крстител“попознат како Бигорски манастир и неговиот мeтох” Свети Ѓеорѓиј Победоносец “во дебарското село Рајчица, деновиве добија облагодатени свети мошти, скапоцен дар од Бугарија. Ние браќата и сестрите од Бигорската обител со голема радост и благодарност за неискажливо големиот дар ги пречекавме моштите на Св. Димитриј, Св.ап. Андреј Првоповикан, Св.Пантелејмон, и на уште многу други светии, кои веќе го красат бигорското светилиште, како и на Св. Варвара и Св. Екатерина што се чуваат во храмот на Победоносецот Георгиј,-изјави сестра Ефимија.

Овие мошти,додава таа, се дар од големиот пријател на нашите манастири, благородниот отец Добри Чаков, клирик на Бугарската православна црква, свештенослужител во храмот посветен на „Свети Димитриј“ во Калипетрово и ставрофорен свештеноиконом на Доростолската епархија. Тој со голема љубов се погрижи за моштите да се изработат и специјални кивоти.

Покрај нив тој ги израдува нашите монашки семејства со уште деветнаесет честички од повеќе видни светии, кои ќе бидат сместени во посебна моштохранителница, што ќе биде изработена веднаш штом се обезбедат средства од благочестиви дарители,-посочува сестрата. Претставници на двата манастира, кои се под духовно водство на Архимандрит Партениј, со овие дарови се вратиле од Силистренската епархија, каде биле по повод прославата за 170-годишнината на храмот „Свети Димитриј“ во селото Калипетрово.вт

Advertisement