Tag Archives: Бигорски манастир Св.Јован Крстител

Оживеано древното бигорско кројачко наследство – изработени верни реплики на свештеничките одежди од XVIII век

По иницијатива и благослов на нашиот возљубен старец и игумен, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, чијашто постојана грижа е насочена кон зачувувањето, проучувањето, промовирањето и живото продолжување на богатото духовно и културно наследство на Бигорската обител, во манастирската кројачница деновиве беа изработени нови свештенички одежди, осмислени како верни и достоинствени реплики на драгоцените бигорски богослужбени одежди од XVIII век. ...

Read More »

По патеките на Дичо Зограф: Седмата Малореканска летна школа во Бигорски

Фото: Бигорски Манастир Св. Јован Крстител Во деновите од 30 август до 4 септември 2026 година, Бигорската свештена обител и Малореканскиот крај повторно станаа средиште на еден значаен научен и културен собир – Седмата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која низ изминатите години се изгради во препознатлива, угледна и високо реномирана меѓународна научна средба, посветена на проучувањето, ...

Read More »

Архиерејскиот жезол на Скопскиот митрополит Гавриил (1832–1844) на Света Гора (ФОТО)

Фото:Бигорски Манастир Св. Јован Крстител Меѓу многуте благословени и трогателни мигови што го одбележаа неодамнешното поклонение на нашиот возљубен старец и игумен, Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, на Светата Гора Атонска, еден особен настан во свештениот Кутлумушки скит на светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон во Кареја како да спои две далечни точки од црковната историја. За време на сеноќното ...

Read More »

Гласот што ја разбуди радоста: бдение со светогорски благослов во чест на свети Јован Крстител

Фото: Бигорски Манастир Св. Јован Крстител Постои една ноќ во која пустината проговорува. Постои едно раѓање по коешто старечките усни, занемени со месеци, повторно се отвораат – не за да прозборат, туку за да воспеат. Таква е оваа ноќ: ноќта во којашто нашата света Бигорска обител го празнува своето торжество – раѓањето на чесниот и славен Пророк, Претеча и Крстител ...

Read More »

Бигорски манастир Св.Јован Крстител му одговори на српскиот патријарх за скандалозно писмо до Вселенскиот патријарх

  Бигорската Обител, предводена од Архимандритот Партениј, му одговори на српскиот патријарх, кој напиша скандалозно писмо до Вселенскиот патријарх, во обид да го минира процесот за решавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА. Реакцијата на монашкото братство и сестринство ви ја пренесуваме во целост. Неодамнешното писмо од Српскиот Патријарх г. Иринеј, упатено до Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, во кое ...

Read More »

Бигорски манастир Св.Јован Крстител доби честици од мошти на пет светители, дар од БПЦ 

Македонското древно светилшите “Св.Јован Крстител“попознат како Бигорски манастир и неговиот мeтох” Свети Ѓеорѓиј Победоносец “во дебарското село Рајчица, деновиве добија облагодатени свети мошти, скапоцен дар од Бугарија. Ние браќата и сестрите од Бигорската обител со голема радост и благодарност за неискажливо големиот дар ги пречекавме моштите на Св. Димитриј, Св.ап. Андреј Првоповикан, Св.Пантелејмон, и на уште многу други светии, кои ...

Read More »