Бил Николов претседател на ММДЧП со прашање до офицерката за Македонија во Стејт Департментот Џил Дитрих дали си и ти лажлив социопат 

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, Бил Николов, повика на спротивставување на САД во услови кога поединци во владата од Вашингтон се мешаат во внатрешните работи на Македонија.

„Да им се спротиставиме на #САД – и да го осудиме нивното мешање низ светот – само така ќе ја одбраниме #Македонија.“ – вели Николов, и додава:

„И порачав на Елен Хејсле, поранешна офицерка за Македонија во Стејт Департментот, дека безобразно ме лажеше за американското мешање во внатрешните работи. Ќе беше смешно да не е трагично. До актуелната офицерка Џил Дитрих: дали си и ти лажлив социопат? Јави ми, ги имаш моите контакт информации“ – пишува Бил Николов.

View image on Twitter