Bjarke Ingels Group проектант на новиот Национален театар во Тирана

Bjarke Ingels Group (BIG) е авторот на проектот за Националниот театар на Албанија, кој наскоро треба да започне да се гради во Тирана. Лоциран во културното срце на центарот на градот, објектот треба да креира ново место за урбано живеење не само преку својата основна културна дејност, туку и преку поврзаноста со отворениот јавен простор. Во близина на објектот се познатите знаменитости на градот, како плоштадот Скендербег, Националната Опера и Националната уметничка галерија. Проектот на BIG ќе го замени постојниот објект нa оваа институција, додавајќи нови простори за уметничките перформанси, амфитатар на покривот, како и покриен јавен простор под зградата. Уште во 1925 година италијанецот Армандо Брасини создал мастерплан за трансформација на Тирана. Речиси еден век подоцна, мастерпланот под името Tirana 2030 (TR030) потпишан од Stefano Boeri Architetti е усвоен од страна на Советот на Град Тирана.  

tiranabig1

tiranabig2

tiranabig3

tiranabig4

tiranabig5

Advertisement