Борбата против корупцијата главен услов за членство на Албанија во ЕУ

Амбасадорката на Европската Унија во Тирана, Романа Влахутин, изјави дека Албанија за да се интегрира во ЕУ, треба да има успешна борба со корупцијата. Влахутин оваа порака до официјалните власти на Албанија ја соопшти на средбата со новинарите на која ги изнесе оценките на прогрес-извештајот на ЕУ за Албанија. Таа нагласи дека клучна работа на која треба максимално да работат властите во Тирана е борбата против корупцијата, што претставува главен услов за членство во ЕУ.

„Корупцијата е една од објективите што треба да бидат во агендата на владата на Албанија и сите други државни институции“, нагласи амбасадорката на ЕУ и додаде дека во борбата против корупцијата треба свој придонес да дадат, покрај институциите и партиите, и невладиниот сектор. ЕУ и САД со особено внимание ги следат последните случувања во земјата по барањето на јавното обвинителство за одземање на имунитетот на ексминистерот за внатрешни работи, Сајмир Тахири, за негова вмешаност во крупни зделки на шверц со дрога во Албанија.

Advertisement