
Британската Амбасада во Македонија донираше опрема за АРМ за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот. Британската Амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.
Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden