Бројот на загинати во Албанија се искачи на 10

Од под урнатините во Албанија извлечени се уште две мртви тела, со што вкупниот број загинати од денешниот земјотрес се искачи на 10 лица. Најсилниот потрес се случи во 03:55 часот, а по него следувале уште неколку послаби. Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри западно од главниот град Тирана, на длабочина од само 10 километри.