Бугарската офанзива од позиција на членка на ЕУ за национално обезличување на Македонците продолжува на Косово

Бугарската офанзива од позиција на членка на Европската Унија за национално обезличување на Македонците продолжува на Косово.

Откако во 2017 година, со помош на уцени кон Владата на Република Албанија, Бугарија успеаја да вметне непостоечко бугарско малцинство во Албанија, на ред е Косово. Со децении, во областа Гора во Косово живеат Македонци, но сега за потребата на бугарските интереси тие треба да станат Бугари. За да се реализира оваа агенда на експанионизам на бугарското безумие, како и во Албанија, помогна дволичната Европа. Со тоа, во вода паднаа сите „вредности“ на европското семејство за демократија, самоизјаснување и самочувство на едно национално малцинство.

На 14. 06. 2022 година, благодарение на огромните финансиски и политички вложувања, Бугарија, како и на нејзиното ексклузивно право да уценува и понижува од позиција на членка на Европската Унија, во Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент беше усвоен Годишен извештај за напредокот на Косово за 2021 година во кој, според Андреј Ковачев, Бугарите успеале да вклучат текст со кој се бара признавање на бугарско малцинство на Косово.

За точноста на податоците и вистинитоста на текстот за бугарското малцинство на Косово не можеме да зборуваме бидејќи го немаме. Но, можеме да зборуваме за бројните Македонски друштва на Косово, за бројните книги на Македонци од областа Гора во кои се говори за македонските национални корени на овие жители, за фолклорните фестивали кои редовно се одржуваат на Косово во организација на македонските друштва од Гора. Според картата која е приложена, кон објавата за ликување на Ковачев заради постигнатиот успех за вовлекување на текст за наводни Бугари на Косово, јасно е дека се реферира на Македонците на Косово.

За жал, никој од македонската држава до сега не го искоментира овој преседан на една експанзионистичка и антидемократска политика под превезот на Европеизација на Балканот, а која има за цел уништување на сè Македонско и прикажување како бугарско.

Advertisement