По вчерашното одбележување на Денот на независноста, денеска претседателот Бајрам Бегај, претседателката на парламентот, Линдита Никола и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со полагање венец на споменикот „Мајка Албанија“. Им оддаваме почит на сите херои и паднати борци на Албанија кои ги дадоа своите животи за да ја заштитат земјата од нацистичките ...
Read More »Албанија
Во Тирана се одржа предавање на темата „Малцинствата и културната различност во Тирана“
Во Салата на библиотеката на Академијата за албанолошки студии, се одржа предавање „Малцинствата и културната различност во Тирана“ го одржа д-р. Ервин Качиу од Институтот за културна антропологија и уметнички студии. Ова предавање е продолжение на Едукативната програма за културното наследство на Тирана и неговата околина што Општина Тирана, Дирекцијата за култура и културно наследство, ја организираше во текот на ...
Read More »Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала, претседател стана Санчез
Премиерот на Албанија, воедно и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама е избран за потпретседател на Социјалистичката интернационала. Информаицјата ја соопшти генералниот секретар на Социјалистичката партија, Дамиан Ѓикнури. На 26-от конгрес на Социјалистичката интернационала за претседател беше избран премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој доби позитивни оценки и целосна поддршка од Социјалистичката партија на Албанија како дел од големото семејство ...
Read More »Рама: Поплавени се 590 куќи, евакуирани 32 семејства во поплавите
Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи реагираше во врска со состојбата со поплавите во државата и обвинувањата на опозиција дека вода се испушта од акумулациите, а се увезува струја. Пишува дека сите структури се подготвени да се справат со ситуацијата, а одговара и на обвинувањата дека продолжува да увезува енергија и покрај поволната хидрологија на каскадата на ...
Read More »Иранските хакери објавија и видео материјали од тајните операции на албански ШИШ
Иранската хакерска група „Татковинска правда“ не се задоволија од објавувањето на списокот на вработени кои припаѓаат на Државната разузнавачка служба, па сега објавија видеа кои ги откриваат активностите на вработените во албанската тајна служба, ШИШ, јави Топ чанел. Според истиот извор во едно од видеата, снимено на 26 март минатата година, може да се види поранешниот генерален директор на полицијата ...
Read More »Хакери објавија список со имиња и адреси на е-пошта на околу 600 вработени во албанската тајна служба
Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ продолжуваат со објавување податоци на платфрмата Телеграф, одземени по кибер-нападите врз владините системи. Овојпат тие објавија список со имиња, адреси на е-пошта и телефонски броеви на околу 600 вработени во албанската тајна служба, ШИШ, откако претходно објавија податоци запрвиот разузнавач, Хелидон Бендо, меѓу другото и датумите на излез и влез од ТИМС системот. И ...
Read More »Кампањата за локалните избори во Албанија почнува на 14 април
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Челибаши, на прес-конференција посветена на подготовките за локалните избори на 14 мај 2023 година рече дека изборната кампања започнува на 14 април. Додаде дека 27 март ќе биде краен рок за доставување на кандидатските листи, додека рокот за објавување на анкети завршува на 8 мај. На 13 јануари е крајниот рок до кога јавните ...
Read More »Рама вели дека САД имаат долг за подмирување кон Албанија поради иранската опозиција МЕК
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека САД имаат долг за подмирување кон неговата држава поради засолнувањето на припадници на иранската опозиција МЕК во камп близу Драч, поради што државата се соочи со кибер-напади од Иран. Рама објаснил дека „не можете да правите сојуз со стратешки сојузници кои земаат што ви се допаѓа и отфрлате она што не ви се допаѓа”. ...
Read More »Чучи: Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан од посебно значење
Албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи на првиот ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан во Тирана, со фокус на внатрешните работи и безбедносните прашања рече дека овој форум има посебно значење поради “радикалната промена на глобалното безбедносно опкружување, осврнувајќи се на руската агресија во Украина”. Исто така додаде дека Западен Балкан дал и продолжува да го дава ...
Read More »Иран и се заканува на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети
Силите на Иранската револуционерна гарда им се заканија на американските бази на Блискиот Исток, на Израел и на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети. Во видео што последно е објавено на апликацијата Телеграм, Иранската револуционерна гарда го гаѓа кампот на МЕК во Манез, Драч, каде се сместени над 3.000 муџахедини, објавувајќи сателитски фотографии од него, пренесува abcnews.al. Во ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden