Албанија

ЕУ испраќа авиони за помош во гаснењето на шумските пожари во Албанија

По барањето од Албанија за помош во справувањето со шумските пожари во општина Дропул, Европската комисија донесе одлука преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ да испрати четири авиони од Грција да помогнат во гаснењето на огнот, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаш Ујвари. -Европската комисија стои на располагање за испраќање на дополнителна ...

Read More »

Голем број пожари во Албанија, властите апелираат на внимателност и предупредуваат на високата затворска казна за потпалувачите

Во Албанија секојдневно се регистрираат по 10 пожари, а најголем дел од нив се во шуми, но не се поштедени ни голем број главно маслинови насади кои поради високите температури се прошируваат во големи размери. Она што посебно загрижува е фактот дека 90 отсто од пожарите се намерно предизвикани. Поради алармантната состојба албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши упати апел ...

Read More »

Претседателот Бегај го одреди 4 август за вонредни избори за градоначалник на Химара

Нов градоначалник на Химара, жителите ќе избираат на 4 август. Уредба за тоа попладнево потпиша шефот на државата, Бајрам Бегај, експресно по одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК), за одземање на градоначалничкиот мандат на Фреди Белери, откако од него владата побара да одреди датум за избори. Во уредбата меѓу другото стои дека претседателот Бегај ја потпишал уредбата откако претходно на ...

Read More »

Грчко здружение „Омонија”: Неосновани и нереални резултати за бројот на грчкото малцинство

По претставниците на македонското малцинство, официјално и Здружението „Омонија” кое го претставува грчкото малцинство во Албанија, се спротивстави на објавените резултати од Пописот спроведен во 2023 година, а кои Институтот за статистика, ИНСТАТ, ги објави вчера. Во реакцијата “Омонија” резултатите ги нарекува неосновани, нереални и неприфатливи во однос на демографијата на грчкото малцинство. Исто така, во име на Грците во ...

Read More »

Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал. Објавената бројка е нереална.  Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна.  Манипулацијата се прави ...

Read More »

Албанската опозиција обвини дека ИНСТАТ лаже со бројот на населението

Албанската опозиција реагираше во врска со податоците околу бројот на населението при што обвини дека Институтот за статистика, ИНСТАТ, лаже со податоците околу на населението а премиерот Еди Рама дека „го купил и пописот како гласови на избори“. Денеска ИНСТАТ ги објави податоците од пописот за бројот на населението и становите. Во двата случаи има манипулација. Бидејќи, според ИНСТАТ, населението ...

Read More »

Илир Мета му честиташе на Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, му честиташе на Христијан Мицкоски за функцијата премиер и изборот на владата искажувајќи целосна убеденост дека ќе „биде пример за инспирација“. Во објава на „Фејсбук“, Мета напиша дека верува дека со својата програма оваа влада ќе биде инспиративен пример за привлекување странски инвестиции и зголемување на извозот, во ...

Read More »

„Ирански хакери“ – Од телефонски броеви до лична карта објавени податоците на 65000 Албанци

Во оваа листа се податоците на 65 илјади албански граѓани како што се: број на лична карта, име, презиме, место на раѓање, место на живеење, телефонски број. Ова не е првпат страната на Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на „ирански хакери“, да објавува чувствителни податоци за албански државјани. Ирански хакери“ извршија серија сајбер напади врз албанските институции, владиниот ...

Read More »

Илир Мета се разведува од сопругата по 26 години брак

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади се разведуваат по 26 години брак, што е главна тема во домашните медиуми. Информацијата ја потврди Мета, кој наведе дека веќе доставил барање до Судот во Тирана, но она што посебно се издвојува е дека Мета како адреса на живеење ја напишал онаа ...

Read More »

Мултиспортски комплекс „Рафа Надал“ ќе се отвори во Драч

На средбата на албанскиот премиер Еди Рама со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, договорено е во пристанишниот град Драч да биде изграден мултиспортски комплекс кој ќе ја имплементира методологијата за обука на Академијата „Рафа Надал“. Комплексот ќе биде изграден непосредно до фудбалската академија на Манчестер сити. Има многу шампиони и големи професионалци во светот на спортот, но нема многу шампиони со ...

Read More »