Култура

Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата  Литаратура.мк во ...

Read More »

Објавена „Орфејска градина“ од Јован Стрезовски

Книгоиздавателството „Панили“ ја објави поетската книга „Орфејска година“ од истакнатиот поет, раскажувач, романсиер, сценарист и книжевен преведувач, Јован Стрезовски. Во песните од оваа, нова поетска книга, Стрезовски, со продлабочен и концизен израз проникнува во тајните пори на животот. Низ филозофски реминисценции пее за опстојувањето, исчезнувањето и обновувањето, посебно наглсасувајќи ги дилемите за животниот круг во кој ништо не е конечно. Стиховите на ...

Read More »

Свечено отворање на Деновите на поезијата

Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска денес ќе биде отворено второто издание на Деновите на поезијата, во главниот влез („Партизанска“) на Скопје Сити Мол, со почеток во 18 часот. Под мотото „Поезијата е и стварност и ...

Read More »

Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на Раде Силјан се чествуваат и во Србија

Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан се чествуваат и во Србија. По повод значајните јубилеи, издавачката куќа „Арка“ објави двојазична книга „Лажно време“, со избрани и нови песни од Силјан, во оригинал на македонски и во препев на српски јазик. Препевот е на ...

Read More »

Австрија победи на Евровизија 2025

Со мини филм за спасување на пехарот на Еврвизија кој минатогодишниот победник Немо го скрши и дефиле на сите 26 учесници започна 69тото издание на Евровизија 2025. Манифестацијата ја водеа водителките Хејзел Бругер и Сандра Студер на кои им се придружи и познатиот моделот и водител Мишел Ханцингер, инаку првата сопруга на музичката ѕвезда Ерос Рамацоти. Во венчаница со бисери ...

Read More »

Литературна вечер во Македонскиот културно информативен центар во Тирана со Наташа Сарџоска

Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска. Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност. Присутните ги поздрави вршителот на ...

Read More »

„Бата-прес“ го објави првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година. Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот ...

Read More »

Делото на Крамариќ и „Матица македонска“ ги обединија сите

Академици, универзитетски професори, домашни и странски дипломати, политичари, истражувачи, писатели, музичари, ликовни уметници, лекари, актери, книжевни преведувачи – сите заедно ја исполнија книжарницата на „Матица македонска“ на промоцијата на книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од познатиот хрватски научник, универзитетски професор и дипломат, Златко Крамариќ. Делото на Крамариќ и „Матица македонска“, вчера ги обединија сите, со голем интерес ...

Read More »

Златко Крамариќ на „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“

Познатиот хрваски научник и универзитетски професор, македонистот Златко Крамариќ, повторно доаѓа во Македонија. Ќе гостува на манифестацијата „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, со промоција на неговата најнова книга во превод на македонски јазик „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“. Станува збор за книга  што проблематизира актуелни идентитетски прашања. Во изданието што е исклучително значаен влог за македонистиката и ...

Read More »

Љутков: „Недела на македонската култура“ во Тирана е сведоштво за живиот дијалог меѓу двете земји, мост што нè поврзува

Манифестацијата „Недела на македонската култура“ е повеќе од настан. Тоа е сведоштво за живиот дијалог меѓу две пријателски земји, мост што нè поврзува и нè зближува. Преку културата како најсилниот глас на еден народ – глас што не познава граници, преку изложби, музика, театар, преку вкусот на македонските вина, ја отвораме македонската душа пред албанската публика, порача министерот за култура ...

Read More »