Објавен е најновиот труд на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов – „Автори и дела, 8“, во кој се опсервираат монографии што се резултат на повеќегодишни научни истражувања и имаат трајна вредност со вонвременско значење за македонистиката. Во книгата Дрвошанов анализира самостојни дела од Мери Јосифовска, Дијана Петровска и Славчо Ковилоски, чиј заеднички признак е македонството. Изданијата што се предмет ...
Read More »Култура
„Денови на поезијата“ во „Скопје Сити Мол” – збор имаат македонските поети!
За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на ...
Read More »„Патриотски чин, без удирање во гради“ – Второ издание на „Од онаа страна на Небиднината“ – книгата разговори на Иван Антоновски со Светлана Шопова за Ацо Шопов
Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од ...
Read More »Светлината во нашите вени – нова поетска книга од Стефан Марковски
Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува: „…Именките се преобразуваат во глаголи и преземаат трескавично дејство ...
Read More »131 година од смртта на македонскиот великан Григор Прличев
На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“, „Скендербег“ и „Хилјада и седемстотин шестдесет и второ лето“, како и познатото дело „Автобиографија“. Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров ...
Read More »Објавена книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска
Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска. Ова е прва книга во која со книжевнонаучен пристап се анализираат женските ликови од современата македонска проза со цел да се издвојат модалитетите на женскоста во македонскиот роман. Но, во исто време, во оваа книга се отвораат и низа други прашања и ...
Read More »Стогодишнината од раѓањето на Шопов на релација Загреб, Љубљана, Скопје
Стогодишнината од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, со учество на студенти од двата универзитета и на просветни работници, како и воопшто на проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија. Настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски ...
Read More »Годината во чест на Ацо Шопов се одбележува со уште еден голем настан
Македонија продолжува да го чествува делото на својот класик. Јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов деновиве ќе се одбележи со уште еден голем настан, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Под наслов „Ацо Шопов – Невообичаено“, настанот ќе се одржи во четврток 23 ноември, со почеток во 19 часот, во просториите на Кинотеката во Скопје. Предвидена е богата ...
Read More »На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа”
На 16 ноември во Струга ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на ...
Read More »Објавена книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски
По повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов Објавена книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски Скапоцен влог во македонската книжевна и културна историја По повод 100 години од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов, издавачката куќа „Дијалог“ ја објави книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden