Прва награда на литературен конкурс од Црвен крст за Сара Џелили Македонка од Голо Брдо 

Првата награда на литературниот конкурс на Црвен крст на Македонија отиде во рацете на Сара Џелили, Македонка од Голо Брдо. Младата Македонка Сара Џелили потекнува од с. Требиште во областа Голо Брдо, а живее во Елбасан, Р. Албанија. Таа е ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и е еден од степендистите на Владата на Република Македонија. Сара е наградена со прва награда на литературниот конкурс за средни училишта на тема “Топлите прегратки на баба и дедо”, распишан од Црвениот крст во Охрид, Македонија.

Конкурсот бил дел од програмата на грижа за старите лица, а Сара својот труф го изработила под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски. Со оглед на сериозноста на темата, но и со оглед на бројноста на пристигнатите трудови претаставува голема чест и задоволство да се добие оваа висока награда. Младата Сара Џелили, покрај другите активности, е член на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и дописник од градот Елбасан на Македонски весник “Илинден”.

Advertisement