Иницијативата за малцинство SafePack ќе чека да се формира нова Европска комисија

По одбивањето од Европската комисија да има дијалог со Иницијативата за малцинство SafePack, иницирано од Федералната унија на европски националности. Иницијаторите на успешната иницијатива за европски малциства ќе почекаат до формирањето на новата Европска комисија по следните избори за Европскиот парламент следната година.

Претседателот на Федералната унија на европски националности Лорант Венце, Претставникот на Граѓанскиот комитет за иницијативата малцинство SafePack Ханс Хајнрих Хансен и Хунор Келемен, претседател на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, упатија писмо до ЕК на почетокот на октомври, барајќи претходна дискусија пред претставување на 1.128.385 потписи за Иницијативата. Тие бараа осигурувања дека Комисијата е подготвена да преземе чекори за да создаде збир на правни акти за заштита на националните малцинства врз основа на Иницијативата за малцинство SafePack.

Во својот одговор а честитајќи за собирањето потписи за Европската иницијатива, првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс, вели дека ќе биде среќен да ги запознае иницијаторите само откако ќе ја поднесе иницијативата до Комисијата.

“Одбивањето да се одржи средба со претставниците на Иницијативата за малцинство SafePack недостојна за Европската комисија. Одговорот е политички од Комисијата и покажува дека сме праведни во тоа што сме скептични во врска со добрите намери на ЕК во врска со правата на малцинствата и нивната волја да ја направиме европската граѓанска иницијатива работен инструмент за директна демократија во Европа “, рече Претседателот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) Лорант Венце.

Бидејќи во деловникот за работа не е определен краен рок за презентирање на валидирани потписи до Европската комисија, ФУЕН и иницијаторите се решени да чекаат до новата Комисија да биде воспоставена, по европските избори.

Свој потпис за Иницијативата за малцинство SafePack даде и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, потписите беа симболично напишани на голем картата на Европа.

Advertisement