Македонци – Албанија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства од Eвропа

  Македонско друштво “Илинден”-Тирана како рамноправна членка на Унијата на европските националности (ФУЕН) и како дел на групата на словенските малцинствата од Европа учестуваше на работен состанок на групата на словенските малциства. Покрај другите, во работа на групата учестуваше и Никола Ѓурѓај претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај информира за состојбата на Македонците во Република ...

Read More »

Стерјовски побара малцинствата во Албанија да имаат гарантирани места во законодавниот дом 

Пратеникот од Македонската алијанса за европска интеграција, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски на срдебата на преставници на парламентарните комисии за наворешна политика на Албанија и на Хрватска во Тирана, се заложил малцинствата во Албанија да имаат гарантирани места во албанскиот законодавен дом по примерот на Хрватска. Истакнав дека Хрватска има еден од најдобрите закони во Европа за заштита на малцинствата ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на саемот на Федералната унија на европските националности во Словачка 

Во главниот град на Словачката Република, Братислава почна со работа 64 Конгрес и 70 години од основањето на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, на кој учествува и македонското друштво “Илинден“-Тирана. Пред официјалниот почеток на Конгресот отворен беше саем на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претствија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана учестува на 70-годишниот конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Со отворањето на традиционалниот малцински пазар, 70-годишниот конгрес на ФУЕН во Словачка официјалното се отвори вечерта. Малцинствата од цела Европа ги презентираат своите кулинарски традиции во хотелот Парк Ин Радисон во Братислава. “Горди сме што можеме да кажеме дека со 103 организации членки од 35 земји ние сме најголема европска чадор организација која ги обединува автохтоните малцинства. На отворањето на ...

Read More »

Во Тирана држан првиот фолклорен фестивал на Македонците во Алабанија (ФОТО)

Во организација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Албанија, во Куклениот театар во Тирана, синоќа се одржа првиот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“. Честа да го отвори фестивалот му припадна на Театарот „Скрб и утеха” од Скопје, а многубројната публика со посебно внимание ги проследи и настапите на КУД „Илинден“ од Струга, ...

Read More »

Македонците во Албанија го прославија Св.Јован Владимир (ВИДЕО)

  Во селото Шиjон, во Елбасан се прослави денот на Св.Јован Владимир, каде што пред векови се верува дека започнала православната вера во овие области. Така секоја година на 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Св.Јован Бладимир. Светиот великомаченик Јован Владимир, ...

Read More »

Честитка за Фитер Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо

Read More »

Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана

  Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт – Македонија, од Скопје, преставуван од Претседател д-р Златко Николоски и Македонско друштво “Илинден“-Тирана, преставувано од Претседател г-дин Никола Ѓурѓај од Тирана, потпишаа Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес ...

Read More »

Пратеникот Васил Стерјовски побара поголема грижа за областа Голо Брдо (ВИДЕО)

Пратеникот Васил Стерјовски, денес имаше обраќање во Собранието на Република Албанија, во име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, и притоа ја изрази загриженоста за условите за живот и работа во областа Голо Брдо, како најсиромашна област во Република Албанија, со многу социо-економски проблеми. Пратеникот Васил Стерјовски побара Владата и министерствата, окрузите и општините Либражд и Булќиза, да посветат ...

Read More »

Годишен помен за Спасе Мазенковски голем борец за правата на Македонците во Албанија

Помина една година без Спасе Мазенковски големиот македонски патриот, писател новинар и публицист од село Леска, Мала Преспа и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија. Спасе Мазенковски целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Спасе Мазенковски ...

Read More »