Македонците во село Церје општина Пустец, Мала Преспа го одбележаа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. После утринската литургија во селската црква посветена на Успение на Пресвета Богородица прославата продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор сред село.
Read More »Македонци – Албанија
Македонците во областа Гора со нов пат граничниот премин Шиштеец-Крушево
Овие денови започна асфалтирањето на патот граничниот премин Шиштеец-Крушево, овој роектот е финансиран од Европската Унија и е раководен од Канцеларијата на Европската Унија во Косово. Патот граничниот премин Шиштеец-Крушево ќе го олесни животот на жителите од двете страни на областа Гора, исто така, преку овој пат ќе има подобра комуникација, подобра размена, меѓу македонците во Областа Гора.
Read More »Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи од матична книга да бидат и на македонски јазик
Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа ...
Read More »Македонците од цела Албанија во село Ербеле, областа Поле, Маќелара го одбележаа Св. Преображение (ФОТО)
Македонците од цела Албанија се собираат во село Ербеле областа Поле, Маќелара на 18-19.08.2017 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. Ноќта пред празникот секој добронамерник и госин е срдечно пречекан кај домаќините. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, ...
Read More »Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) големиот македонски писател и критичар од Албанија
Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици. Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала ...
Read More »Албанскиот хелсиншки комитет ја доби Резолуцијата на ФУЕН за состојбата на Македонците во Албанија
Резолуцијата, којашто беше едногласно усвоена на 62.Конгрес на ФУЕН, а предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана, е доставена до Владата на Република Албанија, до меѓународни и други институции во земјата. Известување дека е добиен документот добивме од Хелсиншкиот комитет, во кое стои дека оваа институција со голем интерес ја прочитале Резолуцијата и најавуваат брза средба со нас, изјави за ...
Read More »Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве кани на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение
Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија годишната средба во село Ербеле-Маќелара Република Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2017 година. Сите сте добредојдени!
Read More »Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за празникот Илинден
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод двата историски Илиндена упатија честика до сите Македонци. Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите ...
Read More »Македонците од Албанија денеска традиционално ја слават Света Огнена Марина (ВИДЕО)
Денес е Света Огнена Марина – Марена. Празникот Света Марена се слави секоја година на 30 јули. Овој ден се смета за најтопол ден во годината. Македонците во Мала Преспа, традиционално ја слават Света Марена во село Туминец на манастирот Света Марена. И оваа година се очекува голем број Македонци од Албанија и Македонија на манастирската слава.
Read More »Македонско културно лето 2017 во Албанија
Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ со седиште во Скопје. Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци. Посетителите ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden