Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за празникот Илинден

Македонско друштво „Илинден“- Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод Илинден упатија честика до сите Македонци.  Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и АСНОМ 1944, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Advertisement