Во организација на македонското друштво „Сонце” во соработка со професорката Наде Проева, во средното училиште „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиовски” во Пустец, Мала Преспа, се одржа предавање за историјата на античките Македонци. Модератор на настанот беше Васил Стерјовски, активист од редовите на македонската заедница во Албанија. Универзитетската професорка, Проева која има објавено над 100-на научни студии и важи за една од најдобрите светски познавачи на историјата на античките Македонци зборуваше за посебноста на Античките Македонци и како етнос и како култура и нивната религија.
Advertisement