Македонското меѓународно движење за човекови права покрена неколку процеси пред Европскиот Суд за Човекови Права, конкретнo со цел: да се обезбеди итно ослободување на македонските политички затвореници уапсени од режимот на СДС/ДУИ во Мaкедонија; да се понуди итна медицинска помош која досега режимот им ја ускрати на неколкумина од политичките затвореници кои имаат итна медицинска потреба; да се повика на ...
Read More »Македонци
Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со Македонците во Албанија
Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес. Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато ...
Read More »Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски во работна посета на РИКО
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба во седиштето на меѓународната регионална организација, РИКО (RYCО), информираа од амбасадата. Средбата со генералниот секретар Алберт Хани, претставник од Македонија, и одговорните лица за проектите, искористена за непосредно информирање со активностите со коишто се промовира духот на соработка и заедништво меѓу младите во регионот на Западен Балкан, стои во објавата ...
Read More »Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски се сретна со чешкиот амбасадор
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска оствари работна средба со новиот амбасадор на Чешката Република, во Албанија, Карел Урбан, информираа од амбасадата. -На средбата разменети се мислења за состојбите во регионот и перспективите на земјите од Западен Балкан. Амбасадорот Марковски го информираше чешкиот колега за новиот пристап во разговорите на Македонија со Бугарија, во светло на постепено градење доверба ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...
Read More »Кристо Темелко (Врбник, 1915 – Тирана, 1990) поборник за македонскиот јазик во Албанија
Роден е на 18 април 1915 година во село Врбник, син на Јани и Донес, генерал, член на основачкото собрание на К.П.А. Во пролетта 1937 година бил избран да раководи со огранокот на Скадарската групација во Тирана, заедно со Ќемал Стафа и Васил Шанто. Тој беше осуден на една година за неправилност против државниот и економскиот поредок на 10 февруари ...
Read More »Атанас Кирјаков од ОМО “Илинден“: Како заедничка историја да го славиме 9 и 10 август, Денот на автономијата во Пиринска Македонија
Бугарија и Македонија заедно да го слават како заедничка историја 9 и 10 август 1946 година – воведувањето на Културна автономија во Пиринска Македонија, предлага македонскиот активист, Атана Кирјаков од Благоевград (Горна Џумаја). Овој предлог од Македонците во Бугарија доаѓа по инсистирањата на официјална Софија за заедничка историја со Македонија. Во духот на добрососедството и разбирањето, а по повод зачестените ...
Read More »Македонците во Албанија против антимакедонската кампања на Бугарија
Бугарија преку својата амбасада во Тирана подолг период презема повеќе антимакедонски активности, се со цел македонското малцинство да го прикаже како бугарско, велат претставници на македонското малцинство во Албанија. Според партијата на Македонците во Албанија и македонските здруженија, антимакедонските активности посебно се нагласени во последно време преку давање бугарски пасоши, стипендии, па и парични средства на етнички Македонци. Македонците во ...
Read More »Почина Јанко Томов Македнски активист во Австралија
На 11 февруари 2022 година во Бризбеин, Австралија почина Македонецот Јанко Томов, кој беше познат и признат во македонската заедница на петтиот континент. Тој беше посветен на македонските прашања и македонската кауза.. Живееше во Австралија, а со својте пишани дела беше бранител на Македонија и македонска вистина. Јанко Томов беше роден во Струмица, на 4 мај 1938 година, а во ...
Read More »ОМО “Илинден”- Пирин му одговори на европратеникот Ковачев
Набљудуваме природна ескалација на неприродниот процес кој Бугарија ѝ го наметна на Македонија, а македонските влади спротивно од секој разум и достоинство го прифатија. Откако се поставија барања Бугарија да биде ослободена од вина за судбината на македонските евреи, да не биде нарекувана окупаторска, а ниту фашистичка за својата улога како фашистички окупатор во Втората светска војна, логично во ова ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden