Македонци

Нова мрежа од канали за наводнување во Голо Брдо (ВИДЕО)

Нова мрежа од канали за наводнување во Голо Брдо Градоначалникот на Општина Булќиза Лефтер Ала објави дека заврши изградбата и чистењето на каналската мрежа за наводнување во областа Голо Брдо од селото Тучеп до селото Черенц во должина од 19 километри . Каналската мрежа за наводнување е од витално значење за Македонците во областа Голо Брдо со оглед на фактот ...

Read More »

24 -ти семинар на Работна група на словенски малцинства ќе се одржи во Молизе, Италија (ВИДЕО)

Во периодот од 30 септември до 3 октомври 2021 година во Молизе, Италија ќе се одржи 24 -тиот семинар за словенските малцинства од Европа. Домаќин на семинарот во 2021 година е хрватското малцинство кое работи под раководство на фондацијата „Агостина Пиколи“, чиј претседател е г-динот Антонио Самартино. Семинарот ќе се одвива во соработка со координаторот на Работна група на словенски ...

Read More »

Македонците во Албанија во село Ербеле, Маќелара го одбележаа Преображение Христово

Македонците од селото Ербеле, област Поле или Долни Дебар, кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница кај Дебар, и неколку други околни населени места, го одбележаа денешниот голем христијански празник, Преображение Господово. Во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, присуствуваа помал број верници, споредено со другите години., но како што велат доволно за да ја продолжат традицијата. ...

Read More »

Македонците во Албанија одбележуват 107-години од раѓањето на познатиот писател Стерјо Спасе големиот македонски писател 

На 14 август 2021 година, во село Глобочени, општина Пустец, областа Мала Преспа, се одбележа 107 години од раѓањето на големиот македонски писател Стерјо Спасе. Присутни беа неговиот син Илинден Спасе и делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од претседателот, Васил Стерјовски.

Read More »

107 години од раѓањето на големиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе

Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Општина Пустец Мала Преспа, Албанија.  Основно училиште завршил во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св. Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2021 година. Сите сте добредојдени.

Read More »

Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“ во Пустец

Годинава, повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Македонско културно лето“. Манифестацијата ќе се одржи во Пустец, Преспа, Република Албанија во периодот од 20 до 24 август 2021 година. Според предвидениот распоред, случувањата на манифестацијата „Македонско културно лето 2021“ ќе почнуваат во 19 часот, а ќе се одржуваат на плоштадот во Пустец. Организатор на оваа значајна манифестација е Здружението „Сонце“ – ...

Read More »