Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, во просторите на македонската амбасада во Тирана  денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски. На средбата се разменети мислења за актуелните проблеми на Македонците во областа Мала Преспа.

Договорени натамошни активности од сферата на образованието, културата, како и прашања поврзани со проекти за Македонците во областа Мала Преспа. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во областа Мала Преспа на повеќе полиња.

Advertisement