Повторно осетен земјотрес во областа Голо Брдо

По вчерашните серија земјотреси, попладнево во временско растојание од неколку минути беа регистрирани два потреса со епицентар во Булќиза, осетен и во областа Голо Брдо.

Во 14:25 часот е регистран земјотрес со јачина од 3,2 Рихтерови степени, на длабочина од два километра. Набргу потоа е регистран уште еден потрес со послаба јачина. По вчерашниот земјотрес во 8:10 часот, кој беше со јачина од 4,5 степени, тие ги напуштија домовите.

Од завчера во 17 часот до попладнево на ова епицентрално подрачје регистрани се најмалку дваесет потреси со различна јачина.