Етничките Македонци од Албанија, мегу првите, се организираа во собирањето материјална и финасиска помош, за настраданите во Драч,Туман,Тирана и Лач од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември. „Најмасивно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Мала Преспа. Во собирањето помош, се вклучија сите 9 села од областа ...
Read More »Македонци
Честитка од Македонско друштво „Илинден“ за 28 – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето на Албанија
Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Read More »Македонското здружение ОМО „Илинден“ се обидува да се регистрира во Бугарија
Откако тие не успеаја да направат партија во последните дваесет години, сега се обидуваат да се регистрираат како непрофитно здружение. Oбединетата македонска организација “Илинден” направи втор обид да се регистрира и да дејствува легално во Бугарија, објави „24 часа“. Откако тие не успеаја да направат партија во последните дваесет години, сега се обидуваат да се регистрираат како непрофитно здружение. Две ...
Read More »Општина Драгаш областа Гора одвои 5.000 евра помош за настраданите во земјотресот во Албанија
Денес, на редовната седница на Општина Драгаш, областа Гора по предлог на советот, одвои 5.000 евра за да им помогне на настраданите од земјотресот во Драч и Тирана. Граѓаните на оваа општина собраа помош во Драгаш, Рестелица и Белоброд, а за многу кратко време беа испратени облека и ќебиња. Во областа Гора распослани се 9 села, населени со Македонци со ...
Read More »Македонците од Мала Преспа организира акција за собирање помош за погодените од земјотресот
Денеска Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски во соработка со Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, во дворот на Општината собира помош за луѓето погодени од земјотресот во Драч и Туман. Во акцијата се вклучи Црквата, вработените од Општината, училиштето, и сите ...
Read More »ММДЧП ја осудува поддршката што ЕУ и НАТО ја даваат на бугарскиот анти-македонски расизам
Ако една организација тврди дека ги почитува човековите права и демократијата, но притоа принудува држава да си го смени името за да стане „дел до клубот“, што очекувате да се случи? Угнетувачите кои го бараа да го смениме името со тоа стануваат уште подрски. Грчката јавна анти-македонска хистерија е добро позната. Но, и Бугарија тргна по нивните стапки, и ...
Read More »Македонско-Горанската заедница во Косово упати порака за солидарност и понуда за подршка за Македонците во Албанија
“Почитувани пријатели, денеска сочувствуваме со вас и жалиме за изгубените животи во катастрофалниот земјотрес. Се надеваме дека вие сте добро и во пожелувам здравје и бериќет во името на целата Македонско – Горанска заедница во Косово. Ние сме ви на располагање за секаква помош”, пишува во писмото на Македонска Горанска заедница од Косово потпишано од Адем Хоџа до македонското друштво ...
Read More »Општина Пустец организира акција за собирање помош за луѓето погодени од земјотресот во Албанија
Општина Пустец, Мала Преспа и Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски утре во дворот на Општина Пустец, организира акција за собирање помош за луѓето погодени од земјотресот во Албанија. Ги покануваме сите жители на Општина Пустец во овие тешки моменти да се ...
Read More »Македонското друштво „Илинден“-Тирана апелира на солидарност со настраданите од земјотресот во Албанија
Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за изгубените животи,како последица од силниот земјотрес што денска ја погоди Албанија. Во исто време наведува дека сочувствува со блиските на жртвите а на повредените им посакува брзо закрепнување. Искажува надеж дека лицата кои се под урнатините ќе бидат навреме извлечени и спасени. Посебна почит искажува кон надлежните структури кои максимално се ангажрани во ...
Read More »Акција за чистење во областа Мала Преспа (ФОТО)
Еко-акцијата се одржи на 22 ноември 2019 година во организација на Општина Пустец, Мала Преспа во соработка со учениците на школото Пустец, се организира акција за чистење на просторот околу училиштето, Националниот парк Преспа и брегот на Преспанското Езеро, во рамките на Националната акција “Да ја исчистиме Албанија”. Oбласта Преспа е населено со македонско население.
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden