Македонци

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Македонско друштво „Илинден“- Тирана и разгранокот на друштвото за Голо Брдо по повод Илинден упатија честика до сите Македонци.  Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковина Македонија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ упатуваме искрени честитки по повод најголемиот македонски празник Илинден, со желба за многу лични успеси и бериќетна година на сите Македоници. Да го ...

Read More »

Истражувачи од Русија во посета кај Македонците во Врбник (ФОТО)

Истражувачите од Руската академија на науките, Александра Дугушина (Музеј за Антропологија и Етнографија „Кунсткамера„, Санкт Петербург) и Максим Макарцев (Институт за славистика, Москва) беа на посета на село Врбник, Општина Билишта. Цел на истражувачите беше да се запознаат со дијалектот, а исто така со фолклорот, празниците, сватбите и други обичаи на македонското национално малцинство кое живее во Врбник. Во срдечна ...

Read More »

Силвана Сотир претседател на новиот советот на општина Пустец

Денеска конституран е новиот Совет на општина Пустец, кој произлезе од изборите спроведени на 30 јуни. За претседател на советот беше избрана Силвана Сотир, дипломиран социолог, од редовите на Социјал демократската партија, која беше дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија. Во општнскиот совет, кој брои 15 членови, 11 советници се од споменатата изборна коалиција, ...

Read More »

Пали Колефски и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пустец (ФОТО)

Новоизбраниот градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа, Пали Колефски, денеска и официјално го започна четиригодишниот мандат. Уверението за неговиот избор му го предаде Дори Спиролари, префект на околијата Корча. Најпрво сакам да упатам благодарност до жителите на општина Пустец кои ми ја дадоа довербата,но сакам да нагласам дека новата функција за мене значи обврска кон сите жители, независно дали го ...

Read More »

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО “Илинден” Пирин: Постоењето на македонското малцинство не зависи од Каракачанов

  Во врска со изјавата на вицепремиерот Красимир Каракачанов за македонското национално малцинство во Бугарија 1. Клеветењето и лажењето не му прави чест на заменик премиерот. Партијата Омо „Илинден“-Пирин е основана во 1997 г., 6 години после крајот на Југославија, така што не би можела да биде создадена од неа, ниту пак Југославија да служи како некакво објаснување за постоењето, идеите ...

Read More »

Македонците од Албанија денеска традиционално ја слават Света Огнена Марина во Мала Преспа (ВИДЕО)

Македонците од областа Мала Преспа го одбележаа патронот на манастриот „Света Марина“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена- Огнена Марија, по традиција во Туминец беа не не само жители од селата на Мала Преспа, туку и од подрачјето на Корча. За овој празник тука секогаш се и поголемот број од поранешните жители ...

Read More »

Македонец сопственик на најголемата такси-компанија во Хрватска

Реализирајќи го Фељтонот за Македонците во Загреб, распрашувајќи се, истражувајќи, хрватските домаќини без двоумење нè упатија дека сè ќе ни биде јасно доколку со најдобрата такси-компанија во градот „Камео“ отидеме во националниот ресторан „Св. Никола“. Пријатно изненадување беше откритието дека такси-компанијата е сопственост на 36-годишниот Македонец, велешанецот Владо Миновски, како и дека тој со татко си Коста Миновски се сопственици ...

Read More »

Николов: Нема да дозволам сеќавањето за дедоми Крсто да биде обесчестено од продадени политичари

Претседателот на здружението за човекови права на македонците од Канада ММДЧП Бил Николов,упати порака до продадените македонски политичари кои од ден на ден бришат се што е македонско. Нема да дозволам сеќавањето за дедоми Крсто да биде обесчестено од продадени, предавнички политичари,вели тој. Вие не сте мои стопани, не сте газди на моето име. Јас сум Македонец,роден како Македонец, во ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) преспанскиот договор е штетен за Македонците во сосество

  Соединетите Американски Држави, Европската Унија и западните држави ја принудија Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а сите Македонци ги тераат да си го сменат идентитетот во „Северномакедонци“. Во тек е принудно менување на македонската историја – вклучително и печатење на нови учебници и наставни програми – сето тоа со цел да и се задоволат ...

Read More »