Македонија

Николоски: Ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик, имаат своја култура и не може Бугарија да ни кажува кој сме и што сме

Потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител каде  што зборуваше и актуелната политичка ситуација во Бугарија која што веќе трета година по ред им се случуваат седми неуспешни парламентарни избори, при што политичките актери за да ги покријат своите неуспеси ја мешаат Македонија. Николоски посочи дека ...

Read More »

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси. Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси. ...

Read More »

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска учествуваше на 27. конференција на началниците на генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Тирана, соопшти армискиот ГШ. На конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи, се дискутираше на темата „Војната во Украина и ...

Read More »

Резултати од Конкурот за доделување на студентски стипендии за Македонците во соседството за студиската 2024/2025 година

Министерството на Република Македонија објави Резултати од Конкурот за доделување на студентски стипендии за Македонците во соседството за студиската 2024/2025 година. Линк: Резултати од Конкурс за доделување на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија за студиската 2024/2025 година за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров

Read More »

Во Бигорскиот Манастир тројца нови монаси во прегратките на Христовата љубов (ФОТО)

„Монаштвото е плот од плотта на Црквата, динамичен израз на аскетскиот дух и на есхатолошкиот стремеж на нејзиниот живот. Посветени со душа, со ум и со тело кон Христа, ’туѓинци и странци во овој свет‘, ’претворајќи ги ноќите во денови, живеејќи во благодарност и псалмопение‘, ’барајќи го она што е горе‘, монасите со упорност и со трпение тропаат на вратата ...

Read More »

Собраниска делегација на Македонија во регионална конференција за парламентарната димензија на ЕУ-интеграцијата на Западен Балкан во Тирана

Денеска и утре се одржува регионална конференција на тема „Процес на патоказ: Патот напред“, во Република Албанија. Оваа конференција претставува активност во рамките на тригодишниот проект „Промоција на европската интеграција“ на Германското здружение за меѓународна соработка (ГИЗ), во чии рамки се организирани бројни активности на ниво на Парламентарната мрежа на комисиите за европски прашања на Парламентите на Западен Балкан. Основната ...

Read More »

Ванчо Ѓорѓиев професор на Факулетот за историја во Скопје е новиот претседател на Комисијата за историски прашања

На седница Владата на Република Македонија го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење. Во новиот состав на комисијата е Александар Литовски, историчар. И тој ...

Read More »

Обраќање на министерот Муцунски пред Унгарската дипломатска академија (ФОТО)

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање Муцунски се осврна на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ. Тој посебно ја истакна непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои ...

Read More »

33 години независна Македонија

На 8 септември 1991 година, 95 отсто од граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Меѓу поважните датуми од патот кон независноста кои му претходеа на референдумот се 25 јануари 1991 кога првиот состав на повеќепартиско Собрание усвои Декларација за независност, а два дена подоцна го избра Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и ...

Read More »

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, престојуваше во работна посета на Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна посета на Унгарија. Ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија, пријателска земја која во втората половина на оваа година претседава со Советот на ЕУ. Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари средба со министерот за ...

Read More »