Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. Воедно информираме дека Министерството, преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување ...
Read More »Македонија
Осветен Храмот на Пресвета Богородица во с. Ростуше
Наплив на славословие, благодарност и ликување ги обзема душите на Православните во Река, но и пошироко, затоа што станавме сведоци на исклучителните благослови Божји што вчера и денес се излеаја во славното мијачко село, чиешто име значи токму тоа – радост на душата! А и како да не биде радост на богољубивите души, кога тоа село со векови било сместувалиште ...
Read More »Денеска се празнува Светата маченичка Маринa
Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крстна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за ...
Read More »Двосменска работа во конзулатите во Берн, Бон, Берлин и Минхен – зголемен број на барања за издавање на документи
Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во македонските амбасади, министерството за надворешни работи ќе се воведе двосменско работење во неколку европски градови. Први, каде ќе се воведе двосменско работење, се конзулатите во Берн, во Бон, во Берлин и во Минхен за да им се излезе во пресрет на граѓаните, поради обврската за промена на личните документи ...
Read More »Традиционалната илинденска коњаница го започна својот поход кон Крушево и Мечкин камен
Традиционалната илинденска коњаница го започна својот поход кон Крушево и Мечкин камен. Тргнаа од повеќе локации низ Македонија, а на 2 Август, Илинден, треба да пристигнат до целта. И годинава, традиционално по 45-ти пат, 30-на коњаници тргнаа од скопско Горно Лисиче кон Крушево. Градоначалникот на општина Аеродром на учесниците им посака среќен и мирен пат. Тие се хероите на новото ...
Read More »Николоски: НЕ!
Работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и на 25ти Јули сите лаги на власта на СДСМ и ДУИ се распрснаа како меур од сапуница. Тој ден заврши пропагандата и се виде кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за ...
Read More »Царинските управи на Македонија и Албанија на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин
Директорите на царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел ...
Read More »Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание
Во организација на Матицата на иселениците од Македонија на 1 август 2023 година ќе се одржи Научна конференција во чест на 120 години од Илинденското востание. Покрај тоа, ќе се одржи и трибина на која ќе говорат Македонци од Бугарија за нивната голгота со бугарските власи поради личниот ангажман за македонската кауза во Бугарија. На 2 август 2023 година во ...
Read More »Во Охрид отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците
Во организација на Агенцијата за иселеништво во Охрид започна Летната школа по македонски јазик за деца на нашите иселеници. Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид. Учесниците на Школата ги поздрави директорот ...
Read More »Сајкоски во посета на Македонците во Албанија: Разговаравме за положбата и правата на Македонците, за националната посебност и поголема прекугранична соработка
Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец. На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет, информира Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden