Македонија

Православните верници го слават Богојавление Христово – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите ...

Read More »

Македонските експерти вратија 20 украдени икони во земјава, во тек е постапка за враќање на нови 36

Професионалноста, стручноста, умешноста и синхронизираноста меѓу политичката, културната и црковната дипломатија овозможија прв пат во историјата една држава на друга да и врати бесправно одземено културно наследство. Враќањето на 20-те украдени икони од цркви во западниот дел на земјава, пред 10 години запленети во Албанија, покажа дека и најделикатните прашања се решливи со меѓусебен дијалог и соработка. Проф. д-р Сашо ...

Read More »

Почина Александар Диневски

Почина Александар Диневски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс-Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија. Диневски беше еден од осудените во аферата „Шпион“, која до денеска ја следат бројни контроверзи и сè уште нема правосилна пресуда. Речиси целиот свој работен век Диневски ...

Read More »

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, го потпишаа договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. Физибилити-студијата покажа дека најоптимална е трасата што почнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска ...

Read More »

Земјотрес во Преспа

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 0 часот и 32 минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во регионот Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен и Мала Преспа со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината ...

Read More »

Николоски: Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година (ВИДЕО)

Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија! Напиша на Фејсбук потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Колаж од мојата битка во изминатата 2023 година, година во којашто цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше. Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи ...

Read More »

Македонскиот влезе меѓу десетте светски јазици на Вселенската патријаршија

Вселенската патријаршија и годинава за Божиќ го објави посланието на патријархот Вартоломеј на македонски јазик. Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со ...

Read More »

Претседателот Пендаровски го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Албанија во посета на Армијата на Македонија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи, кој се наоѓа во официјална посета на Република Македонија, денес оствари посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По пречекот со воени почести, генералот Кинѓи оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага. Генералите Ѓурчиновски и ...

Read More »