Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Мони Дамевски. На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет. ...
Read More »Македонија
Мицкоски и Николоски остварија средба со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер во Република Македонија. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата. Претседателот Мицкоски ја информираше амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа ...
Read More »Македонскиот збор одекнува на сите континенти – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Македонскиот збор одекнувал, одекнува и ќе одекнува низ светот, на сите континенти! Со вложувањето во развојот на странската македонистика се следи и остварува аманетот на Мисирков. На Летната школа по македонски јазик, литература и култура, покрај семинаристи од земјите од кои редовно има учесници, сега повторно има семинаристи од земји во кои се надеваме тамошни универзитети ќе постстанат или повторно ...
Read More »Мисајловски: Потребни се избори, тие се единствено разумно решение за излез од кризата (ВИДЕО)
Секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт на ДУИ и СДС ќе значи две работи, прво губење време, второ уште подлабока криза.Власта се донесе и себе и државата во ќорсокак. Една година лажеа дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, за во петокот да стане јасно дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило уставни измени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство ...
Read More »Проф. д-р Катерина Тодороска: Вредноста на вредносната хартија
Честопати се жестам кога некој/а пријател/ка ќе почне да ми раскажува колку е успешно нејзиното дете во некоја странскаа земја, а при тоа нагласува дека во Македонија немало шанси за вработување, а напредувањето во струката би било мислена именка. И почнувам да се прашувам дали разбира што ми зборува, или пак јас наопаку ја разбирам родителската гордост за успехот на ...
Read More »Николоски: ВМРО е национален проект на македонскиот народ, колку е посилно ВМРО, толку ќе е посилен и македонскиот народ
Беше задоволство да се биде во македонското Собрание затоа што конечно се стави точка. Со оваа точка настрана од нашите внатрешни состојби ние праќаме сериозна порака до сите наши пет соседи дека веќе играње со Македонците нема, а особено кога ВМРО-ДПМНЕ е силно, истакна истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан ...
Read More »Армијата на Македонија одбележува 31 година постоење
Армијата на Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни ...
Read More »Возобновен интересот за македонистиката во Кина, САД, Кореја
Со учество на околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави, посветеници на македонскиот јазик, литература и култура неделава, во Охрид на 18 август ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, ...
Read More »Петар Поп Арсов човекот што најгрижливо ги негуваше фиданките на старата македонска лоза
Повод: 155 години од раѓањето на Петар Поп Арсов, творецот на првиот устав на Македонската револуционерна организација (МРО) На Петар Поп Арсов му припаднала честа да го подготви првиот устав на организацијата и, по налог од неа, да го напише антибугарскиот памфлет „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Истовремено, тој бил член на ЦК на МРО и на претставничкото тело ...
Read More »Неделава ќе започне 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ – најавено учество на околу 70 странски македонисти од 18 држави
Неделава, во Охрид ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата којашто ќе трае до 31 август ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави – посветеници на македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden