Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Македонија, Милошоски освари средба со Преседателката на Комисијата за надворешна политика на Албанија, Кодели

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Македонија, Милошоски освари средба со Преседателката на Комисијата за надворешна политика на Албанија, Кодели.

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија оствари средби со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Албанија, предводена од претседателката на Комисијата, Мими Кодели.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, ги запозна гостите со актуелните случувања во земјава, која се наоѓа пред формирање на техничка влада во пресрет на парламентарните и претседателските избори, а на европскиот пат се соочува со вето од Бугарија, кое бара промена на Уставот. Во однос на релациите со Албанија, кажа дека имаме добра соработка, која може да се надгради со повеќе инфраструктурни проекти, туризам, економија и сл.

Збор зедоа и членовите на Комисијата: Лидија Тасевска, Халил Снопче и Арта Биљали-Зендели.

Притоа, Тасевска рече дека споделуваме исти вредности со Албанија и имаме традиционално добра соработка. Изрази надеж дека трнливиот евроинтегрален пат на земјава ќе заврши со уставните измени, со заедничка визија за иднината.

За Снопче, Албанците во земјава се мостот за уште подлабоки врски со Албанија. Тој се осврна на зајакнување на културните односи меѓу двете земји со идеја за преведување на литературните дела на македонски и албански јазик. Зиљали-Зендели порача да се надминат сите пречки, да се постигнат стандардите за нашите граѓани кои заслужуваат подобар живот. Земјите од Берлинскиот процес имаат потреба од една добра приказна – заклучи таа.