Македонија

Поштенска марка со ликот на Блаже Конески по повод 100 години од неговото раѓање

Поштенска марка со ликот на Блаже Конески по цена од 72 денари од денеска може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Таа денеска официјално беше претставена во чест на одбележувањето на јубилејот – 100 години од раѓањето на Конески. Издадена е во 6.000 примероци, а е илустрирана со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Директорот ...

Read More »

Македонија: Се враќа сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје

Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Визер, како и на рутата Скопје-Варшава на полски ЛОТ. Најавени се и чартер летови од Скопје до Анталија во Турција за периодот од мај до октомври од пет авиокомпании. Ваквите ...

Read More »

Честитка по повод празникот католички Велигден од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

До Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска вероисповед кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар да им го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој ...

Read More »

СМК упатува апел за масовно гласање за Васил Стерјовски за пратеник во Собранието на Албанија на изборите на 25 април

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува апел до сите Македонци со албанско државјанство на изборите за пратеници во Собранието на Република Албанија кои се одржуваат на 25 април 2021 година, масовно да гласаат за Васил Стерјовски за пратеник – да го заокружат бројот 12! Васил Стерјовски е кандидат за пратеник во Собранието на Република Албанија од единствената македонската партија – Македонска ...

Read More »

Мицкоски оствари средба со претставниците на иницијативата „Не отворам врата“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека се сретнал со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговарал за актуелната политичка состојба во државата, но исто така ги запознал со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот. Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден ...

Read More »

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

По двајца претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од Манастирите Рајчица и Пречиста, со благослов на нашиот старец, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска остварија средба со почитуваниот надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, во неговото митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид. Монасите и монахињите беа срдечно пречекани и примени од нашиот монахољубив Митрополит. Поводот, пак, ...

Read More »

Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот во септември и локалните во октомври

Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски ја завршија денешната средба. Договорено е одложување на пописот за септември и локалните избори. Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври. Заев истакна ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Палмер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г-динот Метју Палмер при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети. Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата ...

Read More »

Почнуваат подготовките за прослава на 30-годишнината од независноста на Македонија

Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Македонија. Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Македонија, како еден ...

Read More »

Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија

Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република  Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. Проектот „Охридско Езеро – премостување на две земји во една дестинација” го најави денеска Општина Струга, а целта, како што истакна градоначалникот Рамиз Мерко, ...

Read More »