По двајца претставници на бигорското монашко братство и на сестринствата од Манастирите Рајчица и Пречиста, со благослов на нашиот старец, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска остварија средба со почитуваниот надлежен архиереј на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, во неговото митрополитско седиште крај Плаошник во Охрид. Монасите и монахињите беа срдечно пречекани и примени од нашиот монахољубив Митрополит. Поводот, пак, ...
Read More »Македонија
Заев и Мицкоски се договорија за одложување на пописот во септември и локалните во октомври
Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски ја завршија денешната средба. Договорено е одложување на пописот за септември и локалните избори. Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври. Заев истакна ...
Read More »Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Палмер
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија г-динот Метју Палмер при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети. Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата ...
Read More »Почнуваат подготовките за прослава на 30-годишнината од независноста на Македонија
Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Македонија. Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Македонија, како еден ...
Read More »Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзуваат со редовна бродска линија
Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2. Проектот „Охридско Езеро – премостување на две земји во една дестинација” го најави денеска Општина Струга, а целта, како што истакна градоначалникот Рамиз Мерко, ...
Read More »Николоски оствари средба со новиот официјален претставник на Конрад Аденауер Фондацијата, Браун
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера оствари средба со новиот официјален претставник на Конрад Аденауер Фондацијата, Даниел Браун. Како што информира, на средбата разговарале за актуелната политичка состојба, европската перспектива на Македонија, престојните локални избори како и соработката со Фондацијата Конрад Аденауер, во насока на понатамошно јакнење на капацитетите на партијата.
Read More »Јапонија донира 554.000 евра на македонските здравствени институции
Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Македонија. Десетте проекти, како што соопштија од Амбасадата, имаат за цел да ја поддржат државава во справување со кризата Ковид-19, а секоја здравствена институција ќе добие различно финансирање согласно потребите. Вкупната ...
Read More »Досега се попишале 121 520 државјани на Македонија кои се наоѓаат во странство
Преку апликцијата за самопопишување заклучно со 08.30 часот изутрина се евидентирани вкупно 121 520 лица. Процесот на самопопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните ...
Read More »Македонија, Словачка, Чешка заеднички ќе ја организираат манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“
Премиерот Зоран Заев го прими амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, Македонец кој повеќе децении живее во Словачка. Лекоски на средбата информираше дека оваа година „По трагите на светите Кирил и Методиј“ е вклучена во Европската програма за регионален развој и ...
Read More »Амбасадорот на Словачка во Македонија, Маркуш во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир
На 19. 03. 2021 година во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, беше Амбасадорот на Република Словачка, г. Хенрик Маркуш, заедно со својата сопруга г-ѓа Жанета Маркушова, како и г-ѓа Катарина Хорнакова и г. Стојан Лековски. Г. Хенрик е долгогодишен пријател на нашите Обители и секогаш кога е во можност, и заради своја духовна полза, ги посетува нашите Светилишта. Почитуваните гости ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden