Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 13 часот и 9 минути на длабочина од два километри со епицентар на осум километри од Скопје.
Read More »Македонија
Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство
Претседателот на АА Зијадин Села верува во самоопределувањето на секој граѓанин и за тоа вели дека не треба да има дилема. Однесувањето на Бугарија за него е недозволиво во 21 век. Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу ...
Read More »Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ: Негирањето на континуитетот на македонскиот јазик за нас е духовна смрт
Она што денес се случува на релација Скопје – Софија е веќе видено. Според Хегел, сите факти и ликови во светската историја се случуваат двапати. Но по зборовите на Маркс, тој заборави да додаде: Првиот пат како трагедија, вториот пат како фарса. Тоа што денес се случува е фарса. За апсурдноста и бесмисленоста на бугарските пишувања и негирања пишувале многумина, ...
Read More »Трет повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија
Денеска беше презентиран третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На онлајн-настанот зборуваа амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија. Тие официјално го претставија третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Можностите за финансирање на проекти во рамките на овој повик ги ...
Read More »Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“: Македонскиот идентитет е изграден врз колективното сеќавање
Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен, и временски континуитет; македонскиот јазик е посебен јазик од групата на јужнословенските јазици, кој се изучува на универзитетски центри во целиот свет, стои во дел од изјавата која денеска ја испрати Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва реакција откако Бугарија става вето на евроинтегративниот пат на Македонија. Во изјавата ...
Read More »Редовна авиолинија Скопје – Киев
На релацијата Скопје – Киев од недела 6-ти декември ќе биде воведена редовна авионска линија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела. „Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на ...
Read More »Институтот за национална историја со осуда за оспорувањата на македонската историја и идентитет
Институтот за национална историја реагира во врска со, како што велат од таму, актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет. „Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата ...
Read More »Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Вистинската љубов е над човечките поделби и спротивставености
Поука на Неговото Преосвештенство Епископ г. Партениј, за Параболата за Милостивиот Самарјанин, искажана на монашки синасис во Бигорски Во Стариот Завет, браќа, читаме како, кога Каин од завист го убил брата си Авел, Господ го запрашал каде се наоѓал неговиот брат, сакајќи да го поттикне на покајание. Меѓутоа, братоубиецот Каин, помрачен, Му одговорил на Бога, поставувајќи со гнев едно контра ...
Read More »Почнува Божикниот пост
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, ...
Read More »Сто и триесет години од првата докторска дисертација за македонскиот јазик
На денешен ден, 27 ноември 1890 година, балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил првата докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Младиот студент Леонард Мазинг дошол во Тарту (Дорпат) да студира теологија, но не тргнал по стапките на татка си и не станал свештеник, туку филолог. Имајќи предвид дека неговиот татко Карл Јоханес ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden