Министерот за локална самоуправа на Македонија, Горан Милевски во Албанија имаше состанок со Зеф Мази, шеф на преговарачкиот тим за интегрирање во ЕУ и национален ИПА координатор, како и со заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја. Милевски и Мази, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, разговараа за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија ...
Read More »Македонија
Македонија: Од денеска задолжително со маска и на отворено
Од денеска носењето маска на отворено е задолжително, откако измените на законот вчера беа донесени во парламентот со 53 гласови ЗА, 26 воздржани и без против. Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор ...
Read More »Претседателот Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност (ВО ЖИВО)
Претседателот на државата Стево Пендаровски на прес конференција по седницата на Советот за безбедност, имено, Советот за безбедност денеска во претседателската „Вила Водно“ расправаше за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции. На седницата, како што претходно соопштија од кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ...
Read More »Претседателот на МАНУ, Коцарев: Македонското име, јазик, култура и идентитет се универзално право на македонскиот народ
На собирот на МАНУ по повод денот од формирањето на Македонското научно-литературно другарство во Петроград во 1902 и 80-годишнината од смртта на неговиот претседател Димитрија Чуповски, претседателот на Академијата Љупчо Коцарев предложи идната година МАНУ да го одбележува овој датум како зародиш на постоењето на Академијата. Истакна дека формирањето на Македонско-научното литературно другарство во Петроград (денешен Санкт Петербург) е настан ...
Read More »Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во работна посета во Албанија
Приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, во рамки на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година, ќе биде темата на која ќе разговараат на денешната средба министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој е во работна посета на Албанија, и заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја. Како што е најавено од Министерството за ...
Read More »Православните христијани денеска ја празнуваат Св. Преподобна Параскева – Св. Петка
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка). Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се ...
Read More »Македонија: Апел од Верските заедници за почитување на мерките за заштита од Ковид -19
Комисијата за односи со верските заедници, преку медиумите, ја известува јавноста дека Црквите, верските заедници и религиозните групи споменати во Уставот, на ден 22.10.2020 година, го испраќаат следниов јавен апел до граѓаните: „Ние ‒ Црквите и верските заедници испраќаме едногласен апел до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со корона-вирусот Ковид 19 да ...
Read More »Документарен филм на МТВ за Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител
По повод великиот јубелеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски. Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец: „Вистински предизвик за МТВ беше да се биде дел од историската милениумска прослава на 1000 години Бигорски Манастир, а особено за нас, авторите на ...
Read More »Почнува зимското сметање на времето
Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври ...
Read More »23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
Денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади Македонци за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden