Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. „Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.
Read More »Македонија
Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија вкупниот број се искачи на 136
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 136, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 ...
Read More »Македонија: 29 нови случаи на коронавирус вкупно 114
Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. „Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1). Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), ...
Read More »Македонија: Владата воведе полициски час од 21 до 06 часот на територијата на целата држава
Владата одлучи од утре да воведе целосна забрана за движење во периодот од 21 до 6 часот. Премиерот Спасовски ја оправда одлуката со потребата да се заштити нацијата и да се спречи ширењето на коронавирусот. Мерката не важи единствено за припадници на МВР, Армијата, пожарникарската служба, лицата во комунална хигиена, кои работат во две смени. Од неа се исклучуваат и ...
Read More »Нови 19 пациенти со коронавирус во Македонија вкупно 67 до сега
Бројот на новозаболени од коронавирус до 10 часот во Македонија е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, информираше Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице. „Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и ...
Read More »Македонското знаме на статуата на Исус во Рио де Жанеиро
Огромната статуа на Исус Христос Спасителот во Рио де Жанеиро е осветлена со знамиња на земји кои во моментов се борат со коронавирус. На едната рака на најпознатата знаменитост се најде и македонското знаме. https://www.facebook.com/FoxNews/photos/pb.15704546335.-2207520000../10159157171366336/?type=3&theater
Read More »Македонија: Армијата се вклучи во спроведување на мерките за заштита на населението од Ковид 19
Врз основа на одлуката на Претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски по одлуката на Владата за прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, за спроведување на мерките за спречување на ширење на корона вирусот, Армијата на Македонија се вклучува во поддршка на овие единици на локална самоуправа во согласност со мисијата на Армијата ...
Read More »Во Македонија бројот на заразени лица од коронавирусот се искачи на 42
Министерсвото за здравство на Македонија соопшти дека се потврдени седум нови случаи на лица заболени од коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на заболени од овој вирус се искачи на 42. Според објавата на официјалниот профил на социјалните мрежи на Министерството за здравство на Македонија „од 38 тестирани позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од ...
Read More »МНР : Апел за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот
МНР испрати соопштение за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот: „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината.“ Тие испратија листа на податоци кои се потребни ...
Read More »Претседатлеот на Македонија прогласи вонредна состојба во наредните 30 дена (ВИДЕО)
Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба, откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба на целата територија на државата. Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина. Владата ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden