Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ. Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонското национално малциство, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе ...
Read More »Македонија
Aлapмaнтнa е состојбата со Преспанското езеро се отвори пoнopoт „Казан“ (ВИДЕО)
Вистинска еколошка катастрофа се случува во Преспанското езеро, откако дното на езерото во својата најдлабока точка пресуши. На снимката која наш читател ја направи во Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста и алармантноста на ситуацијата. Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. ...
Read More »Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос
Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски оствари работна посета и средба со градоначалникот на Општина Клос Илми Хоџа, а во функција на заедничкиот прекуграничен проект „Откривањето на скриените атракции“. Од Општина Демир Хисар информираат дека на средбата се разговарало за реализација на проектот, за планот за развој на заеднички производи за туризам и подготовка на патеки за пешачење и велосипедизам на околните рурални области ...
Read More »Македонската Алијанса упатува честитка по повод Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик
Македонската Алијанса упатува честитка до сите браќа и сестри Македонци во Татковината и ширум светот, да го славиме нашиот древен Македонски јазик и да им покажеме уште еднаш на сите дека не постои сила која може да ни го одземе идентитетот. Сите заедно да ги славиме и паметиме нашите просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се заслужни за Македонската ...
Read More »Македонија 2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД
Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување. Програмата за развој на извршни директорисе фокусира на подобро разбирање на окружувањето во ...
Read More »Македонија: Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство
Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените парламентарни избори. Во повикот, македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април. ...
Read More »Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија во официјална посета на Армијата на Македонија
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, генерал Енцо Вeчиарели, на покана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, престојува во официјална посета на Армијата на Македонија. Генералот Вечиарели, по пречекот со високи воени почести оствари средби со својот домаќин, генералот Ѓурчиновски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по што следуваа официјални разговори во присуство на делегацијата ...
Read More »Македонија: Собранието се распушти, изборите на 12 април
Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за” ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот. Одговорот од ...
Read More »ЕПП: Треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април
Европската народна партија порача дека одблизу ги следи случувањата во Македонија. Од таму велат дека треба да се направи сè за да се одржат слободни и фер избори на 12 април. Ние внимателно ги набљудуваме важните реформски напори. Треба да се направи сè за да се овозможи да се одржат слободни и фер избори на 12 април како што е договорно, ...
Read More »Амбасадорот на Македонија во Албанија, Марковски ќе ја претстави платформата за дипломатски активности пред собраниската Комисија за надворешната политика
Собраниската Комисијата за надворешната политика во Собранието на Македонија денеска ќе одржи седница, на која ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на Македонија во Албанија, Косово, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург. Пред членовите на Комисијата платформата за дипломатски активности ќе ја претстави и амбасадорот Данчо ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden