Со длабоко жалење ги проследив информациите за страшните последици од земјотресот во Драч и другите места во Албанија. Од мое лично име и од името на целата на Македонска Дијаспора упатувам сочувство Вам како Претседател и до семејствата на загинатите, како и кон оние што трагаат по своите најблиски, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. За жал, природата неретко ...
Read More »Македонија
Почнува божикниот пост
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божиен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, ...
Read More »Македонија: Намален водостојот на Преспанското Езеро
Водосотојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар намален во однос на вчера и е за 56 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчерашните, но кај Охридското Езеро водостојот е ист со просечниот, додека кај Дојранското е за 2,7 ...
Read More »Црвениот Крст на Македонија собра 40.000 евра помош за Албанија преку мобилните оператори
Вреќи за спиење, ќебиња монтажни кревети се дел од донациите кои Црвениот Крст на Македонија ги однесе на настраданите од силниот земјотрес во соседна Албанија. Дополнително тие донираа и 10 илјади евра парична помош. Досега од повиците на трите мобилни оператори преку линијата 143 400 собрани се 40.000 евра, а отворена е и специјална сметка за солидарност на Црвениот ...
Read More »Македонски филм првпат ја освои европската филмска награда
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска ја освои европската филмска награда Лукс, што ја доделува Европскиот парламент. Во тесната конкуренција за наградата, за која гласаат членовите на Европскиот парламент, беа и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ во копродукција на Данска, Норвешка, Шведска и Белгија, кој заврши на второто место и шпанско-францускиот филм „Кралство“. „Ова е возбудлив момент. ...
Read More »Македонија: Град Скопје одвои три милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија
Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе Одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари. „Во рамките на нашите технички можности уште во текот на вчерашниот ден Град Скопје упати две екипи кои се во ...
Read More »Влатко Ѓорчев пратеник во Собранието на Македонија помагаше во Драч (ФОТО)
Катастрофален земјотрес ја погоди Албанија 24 животи, а повредени се 700 лица. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините. Тажна ...
Read More »Македонија испрати тим од 41 лице и 11 возила за спасување во Албанија
Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на Македонија се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата. Тимот е координиран од Дирекцијата за ...
Read More »Македонија донесе одлука за упатување финансиска помош и тимови за спасување и прва помош за земјотресот во Албанија
Владата на Република Македонија на својата денешна седница донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија. Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош ...
Read More »Град Скопје испраќа дронови за потрага по преживеани во Драч
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, објави дека град Скопје, како град на хуманитарноста, кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Правиме сѐ што е можно за помош во овие трагични моменти – порача градоначалникот на Фејсбук додавајќи дека на утрешната седница на Советот на град Скопје, ќе побара да се ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden