
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува бугарската агресија врз Македонците во Албанија и посебно во областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник каде што живеат, со отворање на бугарски клубови и донации во учебници и прибор во школите за настава на бугарски јазик.
СМК повторува дека на целата територија на Република Албанија, а посебно во регионите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник НЕМА Бугари, туку само Македонци! Македонците во Албанија не се “Бугари“!
СМК најостро ја осудува антимакедонската политика на Софија за Македонците во Албанија како “Бугари“, што ги влошува добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија!
СМК од Македонската Влада бара остар демарш до Софија, Тирана и Брисел за повреда на човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во Албанија во обидот за нивна денационализација во “Бугари“!
СМК од Македонската Валда бара да ја зголеми грижата за унапредување на положбата и правата на Македонците во Албанија со финансирање на настава на мајчин Македонски јазик и отворање на македонски клубови со услови за работа во местата каде Македонците живеат!
СМК уажува дека бугарската агресија врз Македонскиот народ во целина е засилена после потпишувањето на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година со кој Владата на Зоран Заев се согласи на ревизија на македонската историја според критериумите на Бугарската академија, дека: Македонија е дел од Бугарија, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, Македонците се Бугари и во Македонија никогаш немало бугарска фашистичка окупација за време на Втората Светска Војна.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden