Македонија

Институт за македонска литература: Најостро реагира по повод ставот на Бугарската академија на науките 

Институтот за македонска литература најостро реагира по повод ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик „не постои“, т.е. дека е „писмено-регионална норма на бугарскиот јазик“. „Со ваквата изјава се негира постоењето на македонскиот јазик, литература, историја и култура и со тоа се врши негирање на македонскиот национален идентитет. За македонскиот јазик, литература, историја и култура се објавени стотици ...

Read More »

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски оствари средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство. На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес остро го осудува фашизмот на Бугарската  академија на науките

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува денешното соопштение на Бугарската академија на науките, наспроти Повелбата за Македонскиот јазик на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември годинава, дека “Македонскиот јазик не постои” и дека “Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик” што е на линија на декларацијата од 9 октомври годинава усвоена од Владата а на 10 ...

Read More »

Претседателот Пендаровски во Бигорски: „Ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина“

Во посета на Свештената Бигорска Обител денес дојде Претседателот на Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството.  Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир (1020-2020), на чијашто прослава покровител ќе ...

Read More »

Конференција 50 години македонска дипломатија

Во организација на Министерството за надворешни работи на Македонија и Дипломатскиот клуб – Скопје, денес во Министерството за надворешни работи се одржа Конференција „50 години македонска дипломатија”. На конференцијата воведно обраќање  имаа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот  Виктор Габер и амбасадорот на Република  Словенија во Македонија, Милан Јазбец. МНР Никола Димитров се осврна на ...

Read More »

Македонски ученици земаа пет медали на олимпијада за природни науки во Катар

На прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар, македонскиот тим се закити со пет медали – две сребра и три бронзи. На Олимпијадата, на која учествуваа 409 ученици од цел свет, тие се натпреваруваа индивидуално на два теоретски тестови со содржина, односно прашања и задачи од предметите физика, биологија и хемија, ...

Read More »

Свети Климент Охридски 

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Со свети апостол Павле ...

Read More »

По вторпат помош од Хуманитарната организација „Свети Спас“ пристигна во манастирот „Свети Власиј“-Драч

Надлежните од манастирот „Свети Власиј“ во Драч, искажуваат огромна благодарност до скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, за хуманоста и солидарноста со настраданите од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември. Денеска, по вторпат, за неколку дена, двајца свештеници од Македонија и претставници од хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ- ОА „Свети Спас”, донесоа ...

Read More »

Македонија: Завршени изградбата на Центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп (ВИДЕО)

„Со изградбата на Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, кој е од исклучителна важност како за Министерството за внатрешни работи, така и за другите државни институции, сакаме да бидеме подготвени за да обезбедиме функционирање на виталните информациски системи во случај на евентуално онеспособување на примарниот информатички систем поради природни или катастрофи предизвикани од страна на ...

Read More »

Македонија: Димитров на Mинистерски совет на ОБСЕ во Братислава

Делегација на Македонија предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на 26. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка. На Министерскиот совет министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ ќе разменат мислења за работата и активностите на ...

Read More »