Македонија

Македонија: Меѓународна конференција за културно наследство во Охрид

Меѓународна конференција „На крстосницата на културните идеи: Македонија, Балканот, Југоисточна Европа – наследство, менаџмент, ресурси“ ќе се одржи од денеска до 26 септември во Охрид, во организација на Филозофскиот факултет – Скопје и Националната галерија. На конференцијата, како што информираат организаторите, ќе учествуваат четириесеттина реномирани истражувачи на културното наследство од земјата и странство, меѓу кои истражувачи од Србија, Словенија, Романија, ...

Read More »

МАРИЈA – име на возвишеност и светост

Рождеството на Пресветата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, во овој преславен нејзин дом, би сакал најнапред да ве поздравам од името на нашиот почитуван владика, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Тимотеј, кој во моментов се наоѓа во далечната Австралија. Иако тој физички е толку далеку од нас, сепак, ние силно го чувствуваме неговиот благослов овде, во оваа света Обител, ...

Read More »

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица: Празник на мајката на сите мајки – Мала Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е раѓање на Пресвета Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има Пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а ...

Read More »

Македонија: Нови авионски линии од Скопје и Охрид

  Нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул, најавува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која денеска, во соработка со ТУРСАБ и Асоцијација на турски туристички агенции, организираше бизнис состаноци на 20 нови тур-оператори од Турција со туристичкиот сектор од земјава. Според Агенцијата, зголемениот број авионски линии значи поедноставена можност за патување на ...

Read More »

Почина универзитетскиот професор Томе Груевски

Професорот Томе Груевски, кој зад себе остави многубројни генерации новинари, синоќа почина по тешко боледување во Скопје, на 70-годишна возраст. Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско (1949), бил новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. Дипломирал на Филолошкиот ...

Read More »

Старата телефонска централа од Скопје била подарена на Тирана

Во денешната ера на мобилната телефонија егзотично, но и поучно, дејствуваат податоците за првите телефони во Скопје. Таа приказна е толку интересна што треба повторно да потсетиме на неа, бидејќи е речиси комплетно заборавена. Наједноставните индукторски телефонски апарати се користени уште во турскиот период, но и подоцна, по завршувањето на Првата светска војна, кога тие се усовршуваат, односно се заменуваат. ...

Read More »

Отворен Почесен конзулат на Мексико во Македонија

Во Скопје синоќа е отворен Почесен конзулат на Соединетите Мексикански Држави во земјава, а за почесен конзул, кој ќе го води Конзулатот, е именуван Енвер Малиќи. Почесниот конзулат, како што стои во соопштението, ќе работи на унапредување на соработката меѓу двете земји и ќе иницира заеднички активности во повеќе области. На свеченото отворање на конзултатот присуствуваше мексиканскиот амбасадор Марко Антонио ...

Read More »

Македонија воспостави дипломатски односи со Федерацијата на Свети Кристофер и Невис

На 12 септември 2019 година, во Лондон, беше одржана свечена церемонија на воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Федерацијата на Свети Кристофер и Невис. Амбасадорката на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, Александра Миовска и амбасадорот на Федерацијата на Свети Кристофер и Невис во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, Кевин Исак, ополномоштени од ...

Read More »

Македонија: Нов царински терминал на Ќафасан

  На граничниот премин Ќафасан денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година. На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и директор на Царинската ...

Read More »

Островот Голем Град недопрениот бисер на Преспа (ВИДЕО)

Островот Голем Град или „Змискиот остров“ како што уште го нарекуваат е неоткриениот бисер на Преспа. Место кое што плени со својата мистика и величенственост. Ова е единствениот остров на територијата на Македонија. Островот Голем Град се простира на површина од 20 хектари и се наоѓа на околу 2 км од брегот на езерото односно од т.н. Пречна планина, дел ...

Read More »