Влатко Ѓорчев пратеник во Собранието на Македонија помагаше во Драч (ФОТО)

Катастрофален земјотрес ја погоди Албанија 24 животи, а повредени се 700 лица. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.

Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед. – напиша на својот Фејсбук профил, Ѓорчев.

Advertisement