
Со длабоко жалење ги проследив информациите за страшните последици од земјотресот во Драч и другите места во Албанија. Од мое лично име и од името на целата на Македонска Дијаспора упатувам сочувство Вам како Претседател и до семејствата на загинатите, како и кон оние што трагаат по своите најблиски, а на повредените им посакувам побрзо оздравување.
За жал, природата неретко знае сурово да се однесува кон цивилизацијата. Елементарните непогоди не може да се контролираат и често ни покажуваат колку е кршлив човечкиот живот и колку е ранлив и модерниот свет.
Верувам дека сите надлежни институции во Албанија ќе реагираат соодветно и ќе успеат да ги спасат луѓето кои се заглавени под урнатините. Република Македонија има тажно искуство со земјотресот во Скопје кога во 1963 загинаа 1100 жители, 3000 беа повредени, а 200 илјади останаа без своите домови. Ние најдобро сме почувствувале што значи солидарноста за една нација во вакви траорни моменти.
Мои искрени и почитувани пријатели, повеќе сум од сигурен дека народот на Албанија, помогнат од целиот свет, ќе ги надмине овие тешки моменти и уште еднаш ја изразувам мојата поддршка и охрабрување за справување со оваа криза. Во овие тешки моменти срцата на Македонската нација се со вас! стои во писмото потпишано од Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓи Џорџ Атанасоски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden