Државниот архив на Република Македонија денес потпиша Протокол за соработка со Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција. Протоколот е продолжување на веќе постоечката соработка со Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција и ќе биде валиден во наредниот период од една година. На потпишувањето на денешниот Протокол присуствуваше и амбасадорката на Република Турција во Македонија Тулин Еркал Кара. ...
Read More »Македонија
Претседателот Пендаровски го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката и актуелен претседавач со ОБСЕ
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Мирослав Лајчак, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Словачката Република, при што изразија задоволство од развојот на соработката која бележи континуиран позитивен тренд ...
Read More »Гоце Делчев (Кукуш, Егејска Македонија 4 февруари 1872 – Баница, Егејска Македонија 4 мај 1903)
Ѓорѓи Николов Делчев, познат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Се школувал во Кукуш, Егејска Македонија каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен ...
Read More »СеМакедонскиот Национален Совет организира Конференција за Национално Обединување
Во име на СеМакедонското Национално Обединување, Македонскиот народ и Македонските Национални и Државни интереси, закажана е прва СеМакедонска Национално Обедителна Конференција во организација на Се-Македонскиот Национален Совет – Македониум. Конференцијата се свикува со единствена цел, постигнување на национално единство и консензус по Македонските државни, национални, идентитетски и сите други прашања, кои значат опстанок на Македонија и Македонскиот народ. Ќе бидат ...
Read More »Демократи ја поздравуваат Одлуката на ФЕУН за прифаќање на „Резолуција за образовна и културна автономија за Македонците во Албанија“
Во главниот град на Словачката Република, Братислава на 13. 06. 2019 год. беше почетокот на работата на 64-от конгрес на Федералната унија на европските националности – ФУЕН. Воедно, овој конгрес беше во духот на прославата на 70 – годишнината од основањето на оваа европска унија, која седумте децении од постоењето ги слави со бројни постигнувања. Конгресот го организира Партија на ...
Read More »Спасовден – Вознесение Христово
Празникот на Христовото вознесение – Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сеуште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ ...
Read More »Претседателот на Република Македонија, Пендаровски ги прими европските шампиони на РК Вардар
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар, коишто по вторпат ја освоија титулата европски првак. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од исклучително големиот успех на ракометарите кој, како што рече, не направи сите горди, како поединци и како држава. „Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен ...
Read More »Претседателот на Македонија Стево Пендаровски оствари работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили Стево Пендаровски, денес ја оствари својата прва работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. По пречекот со воени почести, Претседателот Пендаровски оствари работна средба со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, каде со највисоките воени и цивилни авторитети од министерството и ...
Read More »Поранешниот премиер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски си поднесе оставка од пратеничката функција
Поранешниот премиер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски си поднесе оставка од пратеничката функција. Тој одлуката ја соопшти преку неговиот Фејсбук профил. „Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови. Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното ...
Read More »Армијата на Македонија дел од вежбата „Joni 19“ во Валона
Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции на Армијата на Македонија со своите колеги од специјалните сили на Албанија учествуваа на трилатералната вежба „Joni 19“. Во изминатите десетина дена во морнаричката база „Пашалиман“ во Валона, нуркачки тимови заедно вежбаа и реализираа поставени задачи. Една од целите на оваа заедничка вежба покрај ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden